Регионалниот пат П1206 од с.Групчин до с.Желино, од 9:00 до 16:00 часот, сообраќајот ќе биде затворен, односно ќе се пренасочува по споредни патишта поради изведување на градежни работи, тампонирање и асфалтирање на патот,
Од АМСМ информираат дека сообраќајот ќе биде затворен врз основа на претходно доставено барање од фирма ВЕ-ГРУПА ДОЕЛ Радовиш РСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег врне во Маврово и на планиските премини Буково и Стража. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (МИА)