среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе: Наместо ветената монтажна катна гаража, Велковски воведува платен паркинг

ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе: Наместо ветената монтажна катна гаража, Велковски воведува платен паркинг

Во предизборниот период за време на локалните избори градоначалникот Велковски ветуваше средување на сообраќајниот метеж во центарот на градот со изградба на монтажна катна гаража и обезбедување на дополнителни паркинг места, изјавија денеска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе.

Оттаму посочуваат дека после скоро 4 години монтажната гаража ја нема никаде.

-Наместо ваквата гаража,локалната самоуправа на чело со Велковски ни воведува платен паркинг на веќепостоечките паркинг места, што ќе преставува дополнителен товар по џебот на граѓаните и ова веќе предизвикува голем револт кај граѓаните. Замислете, платениот паркинг ќе биде регулиран со наплатни рампи, а за целиот проект ќе бидат потрошени 7 милиони денари или 120 илјади евра народни пари. Дали во услови на економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид 19 е непходно воведување на платен паркинг? Немаше ли поприоритетни проекти на кои би се потрошиле овие 120 илјади евра со кои би се подобрил животот на светиниколчани. После неполни 4 години од вашиот мандат останаа нереализирани 80 % од ветените проекти, а вие се фативте баш за платениот паркинг, велат од партијата.

Многу е лесно нешто да се ветува само треба да знаете дека ветеното треба и да се исполни и реализира.
Поради тоа се потребни промени во Свети Николе .

Промените се нужни,промените доаѓаат, промените ќе се случат наесен во октомври,на престојните локални избори кога нашите сограѓани ќе ја дадат довербата на ВМРО-ДПМНЕ. Епилогот е извесен, новиот градоначалник и мнозинството во советот на општина Свети Николе ќе бидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои ветеното ќе го реализираат во интерес на граѓаните на Свети Николе.