среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од владејачкото мнозинство молк за донесувањето на петтиот пакет на мерки, уште колку екомонијата ќе страда поради нив?

Од владејачкото мнозинство молк за донесувањето на петтиот пакет на мерки, уште колку екомонијата ќе страда поради нив?

Петтиот сет на економски мерки за спас на стопанството и граѓаните во оваа ковид криза има големо значање за економијата. Се со цел да се надмине оваа криза, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера во Собранието ги повлече сите амандмани за Законот за државјанство за да може да се изгласа петтиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанството.

-Ние како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, целосно го осудуваме инженерингот на Заев и СДСМ. Свесни за недостигот на искрена желба за брзо решение, но и за критичниот момент во којшто се наоѓаат Македонија, граѓаните и стопанството, ќе ги повлечеме сите амандмани на Законот за државјанство се со цел конечно да се изгласа петтиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанството.Дури и во вакви моменти,кога над 55 илјади граѓани останаа без работа и едвај врзуваат крај со крај,кога македонската економија е на колена и илјадници компании се затворија, Заев и СДСМ без око да им трепне покажуваат огромна неодговорност и негрижа за граѓаните и стопанството, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Во својата изјавата координаторот Мицевски побара овој закон веднаш да се стави на комисија затоа што нема амандмани, да ја продолжат пленарната седница и да се изгласа овој закон.

-Од друга страна, бидејќи Владата до предлагачот достави негативно мислење, а со недели Зоран Заев и други официјални лица на СДСМ даваат изјави за неприфаќање на текстот на законот које во процедура, ги повикуваме истиот веднаш да го стават на комисија, бидејќи нема деловнички пречки односно нема амандмани, да ја продолжат пленарнатаседница и да се гласа за овој закон, додаде Мицевски.

По оваа значајна постапка на ВМРО-ДПМНЕ, од владејачкото мнозинство ни трага ни глас што понатаму со петтиот сет на мерки. Нивниот молк и непревземањето на никакви чекори за овој пакет на економски мерки само ја потврдува претходната теза дека главни виновници за кочењето и недонесувањето на овој сет на мерки се токму тие.

За донесувањето на петтиот пакет на мерки апелираше и бизнис секторот. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ побара пратениците веднаш да го донесат петтиот пакет на мерки, оти сиромаштијата им чука на врата на работниците, голем број од штипските конфекции ја немаат исплатено февруарската плата, а работниците останаа и без здравствено осигурување во време на пандемија.

-Она што го алармиравме минатиот период благодарение на вас медиумите, еве се случува работниците се пуштени на колективен одмор, поради недонесување на петтиот сет на мерки. Текстилните комапнии во Штип и источниот регион немаат веќе работа, ги завршија последните налози. Изминатиот викенд имавме јавувања за трансформации на договорите за вработување од неопределено на определено, бидејќи работодавачите немаат сигурност за тоа дали ќе имаат работа, нарачки наредниот месец. Затоа требаше да бидат донесени мерки, за да не се случува ова и вработените да имаа некоја сигурност. За жал политичките калкулации во Собранието си продолжуваат и тоа сето е на штета на работниците, вели Ампева за МИА.

Најнови вести