понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лично со пиштол мозокот ќе им го извадам: Кочани врие- физички пресметки, закани, оружје и тепање деца

Лично со пиштол мозокот ќе им го извадам: Кочани врие- физички пресметки, закани, оружје и тепање деца

Лично со ова (пиштолот), мозокот ќе им го извадам. Исто така, парче по парче ќе сечам од нив- со оваа видео порака, споделена на социјалните мрежи, таткото на малолетното дете им се заканува на деветемина кочанчани кои пред 3 дена го фатија неговиот син во кражба во семејна куќа, а потоа го натепаа.

Од полицијата велат дека веднаш по објавата лицето е идентификувано.

– Триесет и шест годишниот А.И., по преземени оперативни мерки на полицијата утврдено е дека не се наоѓа на територијата на РСМ и се работи на негово обезбедување – изјави за Сител, Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Панајотова информира дека и против сторителите на кривичното дело „насилство врз дете“, ќе биде поднесена кривична пријава.

– ОВР Кочани презема мерки за комплетирање и на други кривично правни настани кои се случиле во текот на вечерта – изјави Панајотова.

Истата вечер, до пристигнување на полицијата, во населбата „Трајаново Трло“ каде се случил немилиот настан, роднини и соседи на детето со две возила пристигнале и започнале физички да се пресметуваат со мештаните. Повеќе лица од нападнатите биле повредени, а двајца со контузии на главата и еден со исеченици на лицето и рацете се пренесени во Итната медицинска помош. По укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

– Во врска со овие настани во ПС – Кочани приведени се 3 лица и извршен е службен разговор со 20 лица- додаде Панајотова.

Инцидентот го осуди градоначалникот на Кочани, Николчо Илиев, кој преку соопштение апелираше до сите надлежни институции сериозно и одговорно да ги сфатат своите задачи, со цел граѓаните на Кочани да се чувствуват безбедно.

Илиев додава дека кражбите, физичките пресметки и прекршувањето на полицискиот час се казниви дела за кои се одговара. Жителите на населбата пред еден месец протестираа поради зачестените кражби во нивните домови и бараа заштита од институциите, пренесува Сител.

Најнови вести