вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Добрососедско фиромизирање

Добрососедско фиромизирање

Република Бугарија или барем нејзините официјални претставници брзо заборавија на добрососедството со Македонија. Тоа траеше додека да се потпише и ратификува договорот и додека на Македонија да и се наметнат обврски, со кои нашатa земја се стави во нерамноправна положба.

За неполна година од потпишувањето на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, неговиот дух го снема. Министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, која беше ангажирана заедно со нејзиниот колега Никола Димитров да го завршат тој асиметричен договор за македонската страна, ни помалку ни повеќе ја нарече нашата земја ФИРОМ.

Таа од состанокот со министрите за надворешни работи од балканските земји објавила фотографија на која нашата земја ја напишала како ФИРОМ, очигледно за да им удоволи на Грците, целосно избегнувајќи го името Македонија.

Дипломатијата на шарм и попустливост која ја воведоа Заев и Димитров нешто посебно не ги засега нашите соседи, кои изгледа откако ќе го добијат тоа што го сакаат, се враќаат на реториката за негирање и рушење на достоинството на Македонија.

Најнови вести