Петар Георгиевски Камиказа, музичар и дел од ивент индустријата во своето вклучување во емисијата „24 Анализа“ зборуваше за како тие да ја надминат оваа криза и посочи според него не било праведно што одредени компании минатата година можеле да работат затоа што се блиски до Владата и луѓето во Владата.
-Прашањето е што минатата година не беше апсолутно праведно едни компании да можат да работат кои се блиски до Владата и останатите кои се во владата, а другите да останат апсолутно надвор. Тоа беше некаков дел на проблемот, рече тој.
Георгиевски порача дека не треба да има такво фавозризирање туку власта треба да најде модус сите компаниите да добијат помош за да можат да опстанат.
-Да нема фавозризирање на одредени компании, туку да се најде модус сите компании да добијат по малку за да можат да опстанат, додаде тој.