Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Сарај изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22 санкции, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли.
Изречени се и 12 санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, две за возач почетник.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.