среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нема крај на натрупување со нефункционален, непрофесионален кадар во државната администцаија – Во моментот активни огласи за вработување на нови 35 државни позиции во влада и државните институции

Нема крај на натрупување со нефункционален, непрофесионален кадар во државната администцаија – Во моментот активни огласи за вработување на нови 35 државни позиции во влада и државните институции

Економската и здравствена криза, но и превработеноста на институциите не ги спречува Министерството за правда, Министерството за култура, Министерството за финансии, Државната комисија за спречување на корупција и Владата на Република Македонија да објават огласи за вработување на нови партиски војници.

Во моментот се бараат вкупно 35 државни службеници во овие институции и тоа за нето плата од 22.020 до 37.625 денари во зависност од позицијата на која се вработуваат овие лица.

Министерството за правда вработува 4 државни службеници на позициите, по еден виш соработник за преговори, за мониторинг и известување на ИМА проектите, и по еден раководител на одделението за внатрешна ревизија, и одделението за меѓународна правна соработка и соработка со НАТО. Нето платата за првите две позиции изнесува 24.402 денари, додека за раководители на одделенијата платата изнесува 29.693 денари.

Помошник раководител на сектор за финансиски прашања, раководител на одделение за центри на културата, фолклор и музичко сценска дејност, раководител на одделение за нормативни работи, како и по еден извршител на позициите помлад соработник за службенички однос и информативен систем за човечки ресурси, и за контрола на комплетност и исправност на документацијата, бара Министерството за култура за нето плата од 22.048 денари до 32.887 денари.

Пред објавување на оглас пред скоро една недела каде што се бараа дури 12 државни службеници, Министерството за финансии повторно објави оглас за вработување на дополнителни нови 8 службеници на позициите, помлад соработник за царински систем и царинска политика, соработник за индиректни даноци, раководител на одделние за едукација и оперативна обработка на податоци. Потоа раководител на одделени за првостепена управна постапка, помлад соработник за првостепена управна постапка, помлад соработник за финансиска инспекција на субјекти од јавен сектор на локално ниво, помлад соработник за сметководствени работи, соработник за контрола на буџетското работење.

Платата на овие нови дополнителни 8 службеници во министерството за финансии изнесува од 22.020 денари па се до 29.693 денари за позицијата раководител на одделение за едукација и оперативна обработка на податоци во секторот за управна постапка, поточно Управата за имотно правни работи, а според описот лицето на оваа позиција треба да има завршено фаукултет за книжевност што фрла сомнеж дека веќе однапред е познато кој ќе биде вработен, а ваквите огласи се само чиста формалност.

Понатаму, Државната комисија за спречување на комисија преку јавен оглас вработува 8 државни службеници. Поточно овие лица се вработуваат на позицијата советник за спроведување едукација, подигање на јавна свест и развивање на концептот на интегритет, советник за спречување на корупцијата во област на работењето на органите за спроведување на законите, ЕЛС и ЈП формитни од нив, советник за спречување на корупција во областа образование, наука, култура и спорт, советник за спречување на корупција во област здравтво, труд и социјална политика, советник за превенирање на состојбата на судир на интерес и лобирање, советник за превод од македонски на албаниски јазик и од албански на македонски јазик, и по еден извршител на позицијата виш соработник за седници, како и виш соработник за стручно-оперативна поддршка во водење на прекршочната постапка и следење на нејзиното извршување. Платата со која ќе бидат вработени овие лица за позицијата советник изнесува 26.278 денари додека за двете последни работни места виш соработник е 24.427 денари.
Покрај тоа што пред само два дена излезе списокот за тајните хонорарци со дебели хонорари, владата на Република Македонија, поточно Генералниот секретаријат има потреба од 10 нови дополнителни државни службеници. Па така преку оглас вработува, раководите на сектор за стручно-оперативна и логистичка поддршка на генералниот секретар и заменик на генералниот секретар на владата за нето плата од 37.625 денари. Лицето кое ќе биде вработено како раководител, ќе добие и помошник раководител за истата работа со нето плата од 32.866 денари. Понатаму, се бара и еден раководител на одделение за стручно – оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор со нето плата од 29.694 денари.

Се бара и еден раководител на одделение за стручно – оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор, со нето плата од 29.694 деанри. А се вработуваат и двајца извршители на позицијата советник за стручно – оперативна поддршка, како и еден советник за стручна и техничка поддршка на министер без ресор за нето плата од 26.257 денари.

Се вработуваат и тројца извршители на позицијата помлад соработник за организациона поддршка, одделени за стручно – оперативна и логистичка поддршка на министер без ресор со нето плата од 22.020 денари, а согласно годишниот план на институцијата за 2021 година предвидено е вработување на двајца Македонци и еден Албанец.

Од огласите може да се забележи дека трендот на партизација не само што не запира, туку напротив институциите се целосно ставени во партиската машинерија на владата на СДСМ. А ваквата партиска машинерија се знае дека произведува и натрупува нефункционален, непрофесионален и неквалитетен кадар во сите сфери.

Обидите за транспарентна и функционална јавна и државна администрација за која зборуваше премиерот Зоран Заев со квалификуван кадар остануваат само празно слово на хартија.

Спорет упатените ваквото претрупување на партиски војници во државните институции негативно ќе биде оценето и во Извештаите од Европската унија, нагласувајќи дека ваквите огласи и вработувања се само со една цел а тоа е подоцна да прераснат во едно гласачко тело за изборите кои следуваат на сметка на парите на граѓаните.

Најнови вести