Пејачката Индира Левак речиси цела година нема настапи поради пандемијата која го зафати целиот свет, а поради тоа се реши да ја смени и професијата.
Хрватските медиуми пишуваат дека таа во последните месеци ги засукала ракавите и започнала сериозен бизнис со сопругот Миослав бавејќи се со производство на мебел, изнајмуваат и апартмани во Иста, а планира да отвори и бар на плажа.
View this post on Instagram
-Од музиката не се откажувам, тоа е мојот живот, но секако дека се занимавам и со други работи. Мојот претприемачки дух не мирува, активна сум и паралелно работам на повеќе фронтови. Имаме апартмани со сопругот и моментално ги подготвуваме за сезоната, се занимаваме и со дизајнирање и ентериер како и производство на мебел. Стално имам нови идеи како да се освежува просторот, раскажува пејачката.
View this post on Instagram
Таа вели дека не се срами од ниедна работа и дека иако не може да одржува концерти барем може да работи нешто друго.
View this post on Instagram
-Од седење дома нема ништо, вели таа.
View this post on Instagram