четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дваесетгодишна девојка од Берово е починатиот донор на сите органи, ја прегазил несовесен возач и избегал

Дваесетгодишна девојка од Берово е починатиот донор на сите органи, ја прегазил несовесен возач и избегал

Верица Белловска од беровско Русиново е 20-годишната почината девојка за која нејзиното семејство се согласи да ги донира органите за повеќе пациенти кои имаат потреба од тоа, откако претходно на седми април беше прегазена од несовесен возач кој побегнал од местото на несреќата, а доцна во утринските часови веќе на 22-годишно момче му беше трансплантирано срцето на момче на Клиниката за кардиологија, објави ММС.

Нејзиниот брат Мартин Белковски е единствениот кој останал да живее во Берово, додека останатите членови – постарата сестра, таткото и мајката се преселиле во Струмица.

-Беше многу весела девојка, секогаш насмеана и му се радуваше на животот, вели Мартин Белчовски од селото Русиново, беровско, за својата сестра Верица.

Несовесен возач на седми април ја удрил на пешачки премин во Струмица.

-Јас изгубивме најмалата во семејството. На „Благовец“ во Струмица на пешачки премин ја удри момче од 18 години и побегна од местото. Колку што јас знам кога дознале дека колата со која ја удриле сестра ми била пронајдена, тој подоцна сам се пријавил во полиција, вели братот Мартин

Синот Мартин, кој е вработен, останал со сопругата во Берово, додека таткото Кирил, мајката Душана со двете ќерки Ана и Верица се преселиле под кирија во Струмица.

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце. Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.

Најнови вести