петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Парламентарното мнозинство ја условува опозицијата да гласа закони кои не се приоритет

Мицевски: Парламентарното мнозинство ја условува опозицијата да гласа закони кои не се приоритет

Координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во Дневникот на Сител телевизија, околу утрешната седница во Собранието истакна дека опозицијата е условена дека мора да гласа за 32-тата седница за законот за корупција, па потоа да пројде и 36-тата каде што се петтиот пакет мерки за граѓаните и економијата.

-Во четвртокот ние не ни стасавме до отворање на 36-тата седница. Каде што се наоѓаат точките поврзани со петтиот пакет на економски мерки. За жал суетата на власта длабоко ги трпат граѓаните. Иако на барање на ВМРО-ДПМНЕ и целата опозиција да се одржи таа седница и да помине законот, тоа не се случи бидејќи се инсистираше да се одржи 32-та седница, а дури потоа 36-та. Овој петти пакет мерки беше најавуван во почетокот на февруари. На 16-ти февруари помина на Влада, и после тоа ние веќе ги имавме во Собрание. Од 19-ти февруари, а сега сме април се уште не можат да се донесат тие закони. Во меѓувреме имаше блокада од Алијанса на Албанците и Алтернатива на петтиот пакет на мерки и тој заглави во пред комисиска процедура. ВМРО-ДПМНЕ за да ги одблокира тие закони, ги повлече амандманите од законот за државјанство и почнаа разговорите помеѓу Зоран Заев, Алијансата и Алтернатива. Во насока на добра волја, тие го одблокираа ова законско решение, и тогаш Тимчо Муцунски пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ја закажа комисиска седница на комисијата за финансирање, рече Мицевски.

После тоа не се одржа седницата. Координаторите на пратеничките групи имавме средба, изјави Мицевски со претседателот на Собранието Талат Џафери за да се закаже седницата и одговорот од Џафери беше дека до петок нема да има седница. А во четврток ќе биде 32-тата седница за законот за корупција за кој ние од ВМРО-ДПМНЕ имаме забелешки.

-Веќе во 18 часот да дојде Џафери со услов дека треба да ја гласаме 32-тата седница, па потоа ќе ја организираме 36-тата седница. Зошто не условуваат со 32-тата седница за да се изглса 36-тата каде што е петтиот пакет за граѓаните. Претседателот на Собранието Талат Џафери треба да ги става седниците по приоритет и да свикува “Ковид седници” на кои што ќе бидат овие законски решенија. Не може да се закажуваат седници за јавни набавки кои што предвидуваат авансно плаќање на сумата за вакцини. А што правиме со авансното плаќање на вакцини од Хонг Конг без законско решение, праша Мицевски.

Како координатор, посочи тој, овде во студиото на Сител телевизија во септември 2020 година има кажано дека ВМРО-ДПМНЕ започнува институционална борба и дека парламентарното мнозинство мора да има најмалку 61 пратеник за да може Собранието да заседава.

Најнови вести