На погребот на принцот Филип, Кејт Мидлтон се појавила со накит што носи скриена порака за солидарност.
Кејт пристигнала во Виндзор, на погребот, со ѓердан, кој и припаѓал на кралицата Елизабета Втора, со дијамантски обетки и во црн костум.
Тој ѓердан и обетки од истиот сет биле знак на солидарност со кралицата, а принцезата Дајана некогаш носеше ист скапоцен „чокер“.
Кејт го носела овој комплет накит во неколку наврати, а се вели дека кралицата го добила како подарок кога се омажила за принцот Филип во 1947. година.
Во изминатите години, Кејт многупати го позајмувала накитот на кралицата, а за вчера избрала парчиња кои имаат посебна сентиментална вредност.
Инаку овој ѓердан го носела и принцезата Дајана во минатото.
Погребот на сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, кој почина на 9. април, на 99-годишна возраст, се одржува вчера во замокот Виндзор.