Младата ѕвезда во „Ѕвездите на гранд“ Момир Луковац почина на само 24 години, а неговите колеги и пријатели во неверување се простуваат од пејачот.
Неговиот последен настап бил на 30 јануари годинава кога ги пеел песните „проклета је виолина“ од Саша Матиќ и „Да ме је она волела“ од Аца Лукас, Миле Китиќ и Саша Матиќ.
Публиката го поддржа, па тој успеа да го помине третиот круг, а жирито го особено го потенцираѓе неговиот голем талент.
-Ќе ослабам жими мајка, се пошегува тој кога Јелена Карлеуша започна да го коментира неговиот настап.
Карлеуша му откри тогаш дека тој има многу убава насмевка.
-Се гледа дека си добар, опуштен и машки си се избори со тремата, прв пат си овде како да не си, му рече тогаш пејачакта.
И додека жирито го убедуваше Саша Поповиќ тој да продолжи понатаму, тој пресече да не помине во четвртиот круг.
Неговиот настап погледнете го во продолжение: