петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сите заплакавме на нејзините песни, а сега таа е повторно лудо заљубена: Адел во љубов со момче кое себично го крие!

Сите заплакавме на нејзините песни, а сега таа е повторно лудо заљубена: Адел во љубов со момче кое себично го крие!

32-годишната Адел е повторно за вљубена откако конечно заврши нејзиниот спор за развод со Симон Конецки на почетокот на март.

Според магазинот Клосер, пејачката е во врска со пријател од детството со кого се зближи минатата година. Адел, која го има синот Ангел (8) со нејзиниот поранешен сопруг, е многу за заљубена и ужива во моменти со мистериозниот маж.

– Таа е фасцинирана од него и додека го крие неговиот идентитет, таа не може да ја крие својата среќа од семејството и пријателите. Нивната романса одеднаш започна минатата година по олеснувањето на мерките за заклучување во Лондон, каде што живее Адел. Пријателството се одвиваше во неочекувана насока по лудата ноќ со алкохол каде беа нивните заеднички пријатели. Тогаш сфатија дека чувствуваат нешто едни за други , изјави извор за Клосер.

– Со оглед на тоа што се познаваат од порано, работите меѓу нив напредуваа брзо и двајцата се многу среќни, додаде тој. Тој исто така откри дека парот не ја исклучува можноста да имаат заедно деца во иднина.

– Адел никогаш не криела дека сака повеќе деца , а нејзиното момче исто така е склоно кон таа идеја, истакна изворот.

Инаку, порано се зборуваше дека пејачката се гледа со раперот Крис Браун, кој беше виден како доаѓа до нејзиниот дом доцна во ноќта. Претходно, странските медиуми пишуваа дека тој е во врска со добриот пријател на Крис, Џозеф Јуниор Аденауга, попознат по уметничкото име Скепта.

Освен со љубовниот живот, Адел привлече внимание и со драстичното слабеење. Изведувачката на хитот „Hello“ на почетокот на јануари минатата година изјави дека изгубила 45 килограми, а по тој период, според фотографиите, изгубила уште десет.

Најнови вести