четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дукоска: Да не беше пандемијата, протестот ќе беше помасовен, уставобранителите треба да се ослободат

Дукоска: Да не беше пандемијата, протестот ќе беше помасовен, уставобранителите треба да се ослободат

Конечно преку вчерашниот протест успеавме да го обединиме македонскиот народ и целиот опозициски блок со сите здруженија, организации, навивачки групи, сите заедно под македонските знамиња да протестираат за правда на уставобранителите, рече Ана Дукоска при јавување во „Што не е јасно“.

Дукоска додаде дека и е многу мило што вчера на протестот сите како Македонци заедно под македонски знамиња сплотени како никогаш до сега ја искажаа своето незадоволство бидејќи уставобранителите се во затвор.

„Замислете како би било да не беше оваа пандемија, верувам дека ќе беше многу помасовен протестот. Излезеноста сигурно ќе беше многу поголема“, истакна Дукоска.

Дукоска посочи дека и Македонците кои живеат надвор од Македонија бараат да се ослободат уставобранителите бидејќи се невини и не треба да лежат во затвор.

Најнови вести