четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Градоначалниците на СДСМ не сработија ниту еден капитален проект, но затоа беа фатени во афери, шверц на цигари или малтретирање на жени

Арсовски: Градоначалниците на СДСМ не сработија ниту еден капитален проект, но затоа беа фатени во афери, шверц на цигари или малтретирање на жени

Нема еден градоначалник на СДСМ кој исполнил повеќе од 10% од ветената програма. А ВМРО-ДПМНЕ 10% од ветената програма исполнуваше во првите 10 дена, додека до крај на мандат нашите градоначалници исполнуваа над 100%, односно целата програма и плус 20 до 30% проекти кои беа на барање на граѓаните во текот на годините, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за „Филибастер“ на Радио Лидер.

Арсовски вели дека градоначалниците на СДСМ ќе ги паметиме дека за 4 години не сработија ниту еден капитален проект, но затоа се вклучени во скандали, криминали и малтретирање на граѓани, како што е градоначалникот на Лозово за кого по 3 години го запознавме како малтретира вработени и врши мобинг врз жени и нема никакви реперкусии.

– Да беа нормална влада досега ќе имаше кривични пријави, ќе беше сменет и ќе одговараше за тоа што го правел врз тие невини граѓани. Имате градоначалник кој беше фатен за шверц на цигари и пукаше како кочијаш и каубоец во Ново село, а одлежа само 6 месеци кои не сме сигурни дали ги одлежал, а неговиот син доби лиценца за марихуана. Човек што шверцувал цигари добил лиценца за марихуана, што ќе прави тој, нормално дека ќе ја шверцува, вели Арсовски.

Арсовски потенцираше дека покрај овие има и градоначалник во Демир Хисар кој се закануваше дека ги снима на вработените и ги заплашуваше, друг градоначалник во Скопје 4 години не мрдна со прст, трет во Аеродром исто не мрдна со прст а најголем проект му е ветување за голф терен.

– Градоначалник на Карпош единствено го интересира ДУП во Трнодол, а градоначалникот на Центар кој исто се обидува да глуми пркос, ама и тој не мрдна, додека градоначалникот на Ѓорче Петров го паметиме по снимки каде пее на прослави, но тој не кафански пејач туку градоначалник, нагласи Арсовски.

Најнови вести