вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Коментар на денот- Стоилковски: Колку ќе чини дигитализацијата на Царовска?

Коментар на денот- Стоилковски: Колку ќе чини дигитализацијата на Царовска?

Кога мафијата трга да спроведува нешто на сила, голема е веројатноста зад тоа да има лукративни пориви. Мила Царовска спротивно на сите укажувања тргна во дигитализација која подразбира укинување на печатени учебници, тргна во одземање на книгите од рацете на децата, а за тоа поддршка има и од режимот на Зоран Заев. Сето укажува на можен голем финансиски момент, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оттука, и Царовска и Зоран Заев мора да одговорат колку ќе чини овој зафат, инаку спротивен на сите укажувања во општеството?

Мила Царовска мора да одговори дали зад укинувањето на учебниците и наводната дигитализација не стои понуда од Хрватска?

Мила Царовска мора да каже дали тоа нема да чини десетици милиони годишно од и онака празниот буџет? Дали за ваков, според сите, неразумен зафат не стои и ангажирање на бројни невладини организации, надворешни советници и организации, за чиј што понатамошен ангажман не се познати критериумите?

Злоупотребите на европското знаменце, односно носење на закони по постапка којашто ги избегнува, го заобиколува патот до вистинско решение и дебати посочува само едно- на сокривање на вистината низ правните процедури.

За образовните реформи на Царовска во Собранието се организираа огромен број на јавни дебати со уште поголем број на релевантни титули, но тоа за Царовска, за МОН и за режимот на мафијата не беше доволно, ниту пак извадија поука од нив.

Сега се турка дигитализација, се укинуваат учебниците, а Царовска нема одговор за најобично прашање како мултимедијалните содржини кои што ги најавува ќе бидат достапни во онаа верзија на фотокопија, за најмалку 10 проценти од учениците, што во бројка се околу 25.000 ученици?

Ученици од социјално најранливата категорија оставени без реално образование, а со тоа и без реални шанси за подобра иднина.

Главното легитимно прашање коешто неминовно се наметнува е колку сето тоа ќе чини, дали зад сето ова нема контакти на Царовска со Хрватска, како и дали зад сиот овој неразумен зафат нема лукративност кај режимот на мафијата?

Образованието, основното и средното, во Македонија се законски задолжителни. Царовска и сега од законскиот образовен процес исклучува околу 25.000 ученици.

Образованието нема цена. Дигитализацијата на Царовска има- време е за вистинските прашања и за вистинските одговори, подвлекува Стоилковски.

Најнови вести