недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ризик за возачите и пешаците, надлежните без слух: Булевар со густ сообраќај 10 дена е без семафори

Ризик за возачите и пешаците, надлежните без слух: Булевар со густ сообраќај 10 дена е без семафори

Семафорите на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во скопската населба Ново Лисиче, не се во функција повеќе од 10 дена.

Овој дел од градот е секојдневно со густ сообраќај и немањето на светлосна сигнализација претставува ризик за возачите и пешаците.

Жители на оваа населба ја контактираа редакцијата на КУРИР и ни ги испратија овие фотографии.

-„Таткото” на градот и на општината спијат и мува не ги лази за безбедноста во сообраќајот и безбедноста на пешаците, порачуваат граѓани од Ново Лисиче.