Британско истражување спроведено одамна на 970.000 испитаници открива дека најчесто изневеруваат луѓето кои се занимаваат со следниве професии:
Финансиски сектор
Претежно, овде станува збор за брокери и банкари. 18% од нив признале дека барем еднаш го изневериле партнерот.
Менаџмент и човечки ресурси
Во областа на менаџментот и човечките ресурси, 12% признале неверство.
Директори и самовработени
Дека моќта е привлечна, покажува и ова истражување. Околу 8% од луѓето на директорска позиција признале дека ги изневериле своите партнери.
Информатички технологии и комуникации
Информатичарите не се бубалици, а тоа го докажува податокот дека 6% од луѓето во овој сектор ги изнверуваат своите партнери.
Сметководители
На петтото место се наоѓаат сметководителите. Според истражувањето, 5% од нив признале неверство.