– Денеска сме во Свети Николе ќе направиме средба со повеќе граѓани, меѓу кои и оние помали стопанственици кои што работат во општината и за жал се соочуваат со големи стопански проблеми. Очекуваме да ги слушнеме нивните мислења и за локалните проблеми за да можеме истите да ги преточиме како проекти во програмата со која што би настапиле за локалните избори во Свети Николе, изјави денеска за медиумите Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Пред се сакам да укажам на тоа дека образованието, стопанството и инфраструктурата ќе ни бидат во преден план за активностите што ќе ги имаме во општина Свети Николе, посочи тој.