Над 200 граѓани на Македонија, вклучително и здравствени работници и новинари, вчера ја примијат втората доза вакцина во Спортската сала Врање, а од почетокот на акцијата во април, неколку стотици Македонци кои се јавиле во Српски културен информативен центар Спона, добиле некои од достапните дози.
-Луѓето од Македонија кои примија доза против болеста во Врање преку здружението „Спона“, во знак на благодарност настапија пред Спортската сала и им поделија на официјални лица и новинари, подароци и бонбоњери, пишува Нова.рс.
На себе имале облечено блузи со натпис „Благодарам Србија“, а по вакцинирањето изведоа кратка „културно-уметничка програма“ на скалите на влезот во Спортската сала, додека другите членови им делеа чоколадни бонбони на присутните функционери и новинари.