вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

УМС на ВМРО-ДПМНЕ организираше семинар именуван како „Модерните народни партии наспроти популистичките партии“

УМС на ВМРО-ДПМНЕ организираше семинар именуван како „Модерните народни партии наспроти популистичките партии“

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ заедно со „Konrad Adenauer Stiftung I Wilfired martens centre“ организираше семинар именуван како „Модерните народни партии наспроти популистичките партии“.

Семинарот се одржа во хотелот Фени во Кавадарци, а освен модерните партии наспроти популистичките, се разговараше и за изборите во ЕУ парламентот идната година како и симулација на програмата.

-Главната карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ од секогаш била идеолошката и програмската доминација на македонската политичка сцена. Но нивното градење е постојан процес кој континуирано мора да еволуира и да се надградува. УМС, како клучен столб на партијата, засилено ќе соработува со сите добронамерни партнери и ќе ги искористи сите ресурси кои ги има на располагање за да биде предводник на горенаведениот процес. Крајната цел пак се јасни и реални решенија за подобар економски и општествен живот на сите граѓани, а особено на младите како носител на нашата иднина, ова на својот Фејсбук профил го објави Лука Кржаловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести