Компанијата на Бил Гејтс префрли 1,8 милијарди долари во акции на неговата поранешна сопруга Мелинда, истиот ден кога парот објави дека се разведуваат по 27 години брак.
-Cascade Investment holding во понеделник префрли акции на име на Мелинда Гејтс, пишува New York Post.
Милјардерот Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда објавија дека се разведуваат по 27 години брак.
Тој додаде дека двајцата решиле да го прекинат бракот по многу размислување и работа на нивната врска.
-За 27 години воспитавме три деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на луѓето да живеат здрав, продуктивен живот. Ние продолжуваме да споделуваме верба во таа мисија и ќе продолжиме да работиме заедно во фондацијата, се вели во објавата во која замолуваат за приватност.