вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Коментар на денот- Тозиевски: Гошаревски го преспа четиригодишниот мандат, промените во Ресен се неизбежни

Коментар на денот- Тозиевски: Гошаревски го преспа четиригодишниот мандат, промените во Ресен се неизбежни

Како и во скоро цела Република Македонија така и Преспа ја зафати пандемијата на градоначалници неработници. Ресен и ресенчани го живеат 20 век. Во 2021 година, во сред Ресен се уште има азбестни водоводни цевки. Загрозено е здравјето на ресенчани, а градоначалникот абер нема, истакна Јован Тозиевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ресен.

-ВМРО-ДПМНЕ започна и смени поголем дел од азбесната водоводна линија, а Живко Гошаревски не може да ја дозаврши работата и водоводна мрежа да ја стави во функција.

Ресен нема водоводна мрежа како што доликува, а селата немаат ниту канализација, Гошаревски вети и не оствари водовод и канализации во Стење, Долно Дупени, во Грнчари, Подмочани и други места.

И тоа малце што е сработено се проектите наследени од претходната власт, има и уште многу за кои не сте ни дораснати ниту да ги започнете.

Нема нови водоводи, нема нови канализациони системи ,нема нови асфалтирани улици, а ги нема ниту ветените Колектори.

Грошаровски ја запусти општината. Туристичката понуда во Преспа е целосно пропадната. Не знаат ниту да ги одржуваат и стопанисуваат плажите, а не пак да очекуваме инвестиции во нови објекти во туризмот, да не зборуваме за нешто повеќе.

Гошаревски и СДСМ го тонат Ресен, исто како што ја снемува водата во Преспанското езеро.

СДСМ е власт и на централно и на локално ниво, а ништо не е преземано за спас на Преспанското езеро.

Не знаат ниту средствата од републичкиот буџет да ги искористите, наместо да исперете 80 милиони денари направете нови канализациони системи ,водоводи и слично.

Ресен и ресенчани кубурат, едвај врзуваат крај со крај.

Заев лично ветуваше обезбеден откуп на јаболката, а 4 години јаболката наместо на пазар завршува во езеро, на буниште изорана во нивите.

Каде е загарантираната откупна цена, каде се новите ладилници, каде се откупувачите да се тепаат кој ќе го откупи преспанското јаболко?

Со Ресен се случува вистинска трагедија.

Промените се неопходни и неизбежни. Преспа ги преспа овие четири години ваше владеење.