Славната пејачка Ејми Вајнхаус почина пред 6 години, а нејзиниот татко Мич тврди дека таа и натаму не го напуштила.
Имено, таткото на Ејми тврди дека нејзинот дух доаѓа да седи на неговиот кревет, но и дека тоа му пружа утеха зошто знае дека таа и натаму е со него.
-Три години по смртта размислував дека ќе дојде тој ден кога ќе се појави во некој облик, и навистина доаѓа. Не физички, туку духовно, цело време, тврди Мич, и вели дека духот на Ејми редовно седи на неговиот кревет.
-Само седи таму и јас гледам во неа и нејзиното преубаво лице гледа во мене. Тогаш се прашувам дали е во ред што ме фаќа нервоза кога ја гледам, вели таткото на славната пејачка, но и додава дека го теши тоа што знае дека неговата ќерка и натаму е тука.
На лудите изјави на Мич им немаше крај, па истакна дека верува дека Ејми живее во една црна птица која доаѓа кај него и неговата жена.
Тој вели дека идентична птица Ејми ја имала истетовирано на раката.
-Кога умре црна птица долета на прозорецот кај мојата сестра, и тоа ноќта, кога сите птици се во гнездо, рече Мич.