Трудната Бојана Родиќ и идниот татко Мирко Шијан отпатуваа на мини одмор и покажаа во каква природна убавина уживаа.
Имено парот уживаше во куќарка сместена веднаш на езерото, а внатре таа беше цела со стаклени прозорци од кои се гледаше езерото со природна тиркизна боја како и зелените дрвја насекаде.
Парот инаку сподели фотографии и од креветот со што на следбениците уште повеќе им стана јасно дека станува збор за вистинска бајковита глетка.
Српските медиуми пишуваат и дека преноќување во оваа вила е некаде околу 9 илјади динари по лице.
View this post on Instagram
Инаку тие во моментов живеат во Тител додека се реновира домот на пејачката Гоца Божиновска каде ќе живеат нејзиниот син Мирко и идната снаа Бојана која за неколку месеци треба да се породи.