среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Наместо Царовска да промовира ароганција, мора да ги слушне аргументите на родителите по однос на законот за учебници и истите да бидат вметнати во законското решение

Милошоски: Наместо Царовска да промовира ароганција, мора да ги слушне аргументите на родителите по однос на законот за учебници и истите да бидат вметнати во законското решение

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на општина Могила кој е неговиот коментар во однос на најавените протести на родителите, а со поддршка и од средношколската унија и средношколскиот глас против лошите реформи во образованието, рече дека самиот закон за учебници и друг наставен материја е донесен на нетранспарентен начин, како и дека доколку се сака да се прифати самиот закон потребна е поширока дебата.

Нашиот став како став на ВМРО-ДПМНЕ е дека законот за учебници и друг наставен материјал на нетранспарентен начин е сработен од Владата и министерката Царовска. Овој закон доколку сакаат да биде пошироко прифатен, треба да биде закон за кој што ќе има јавна дебата од која што Владата бега. Ние гледаме две страни. Едната страна е министерката Царовска која што промовира ароганција во овој предлог закон, а другата страна се родителите и учениците кои предлагаат аргументи. Сакаме да порачаме дека е време во законските решенија кои што се однесуваат на учениците, да им се даде можност на родителите да ги изложат своите аргументи и истите да бидат вградени во законот. Не може ароганцијата на министерката да биде поважна од аргументите на родителите. Се надеваме дека аргументите на родителите ќе бидат сослушани и дека на крајот тие ќе бидат вградени во било кое идно законско решение што се однесува на сите ученици, истакна Милошоски.

Најнови вести