недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стојковска Серафимовска: Не се прави реформа во образованието врз база на невладин сектор туку врз потребата на наставниците учениците и родителите

Стојковска Серафимовска: Не се прави реформа во образованието врз база на невладин сектор туку врз потребата на наставниците учениците и родителите

Во емисијата „Филибастер“ на радио Лидер гостуваше пратеничката од редовите од ВМРО-ДПМНЕ Велика Стојковска Серафимовска која кажа дека проблемот со реформите во образованието што сака да ги истурка власта и министерството за образование е што министерството не ги земало во предвид сите засегнати страни и нивните ставови и дека никако не се прави реформа во образованието од аспект на невладин сектор.

-Проблемот е што министерството за образование и наука воопшто не ги зеде во предвид и оние луѓе кои што ги кажаа своите ставови. Тука е проблемот .Не се прави реформа, образовна реформа од аспект на невладин сектор, тоа е невозможно да се направи за да се направи било каков закон во државата потребно е тој закон да помине низ многу филтри и тоа филтри кај оние најзасегнатите тоа се оние кои што понатаму треба да го имплементираат тој закон рече Стојковска Серафимовска.

Пратеничката Стојковска Серафимовска потенцираше дека кога станува збор за образование и наука каде најзасегнати се наставниците и професорите учениците и студентите и секако родителите мора таа реформа да произлезе од самите нив а не од личната желба на министерката Мила Царовска која очигледно ја турка оваа реформа поради своја лична желба.

-Кога станува збор за образование и наука значи кои се најзасегнати најзасегнати се наставниците, професорите, најзасегнати се учениците студентите и секако родителите бидејќи тоа се севкупниот образовен процес во овој случај иницијативата на Мила Царовска не произлезе ниту од овие наведени сектори туку произлезе од нејзината желба лична желба да се направи некаква реформа по која што веројатно таа ќе биде запаметена, појасни Стојковска Серафимовска.

Најнови вести