недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поранешната потпретседателка на СДСМ и професор Ана Павловска Данева со остра критика до Царовска: Со Велико Трново во науката- напред!

Поранешната потпретседателка на СДСМ и професор Ана Павловска Данева со остра критика до Царовска: Со Велико Трново во науката- напред!

Поранешната потпретседателка на СДСМ и професор Ана Павловска Данева со остра критика до министерката за образование Мила Царовска.

-Со Велико Трново во науката – напред!
Ова е веќе сериозен напредок во подигањето на квалитетот на високото образование и наука во Македонија, пишуваа таа на Фејсбук, споделувајќи ја објавата со наслов „ЧЕСТИТО НА БУГАРИЈА“: ВЛАДАТА ОДОБРИ
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД ВЕЛИКО ТРНОВО ДА ОТВОРИ ФИЛИЈАЛА ВО МАКЕДОНИЈА.

Инаку, на денешната 71-ва седница, Владата ја усвои Одлуката за одобрение за вршење на високообразовна дејност на странска високообразовна установа – Великотрновскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, на територијата на Македонија.

Ваквата одлука на Владата на РСМ пред неколку дена, на бугарското Национално радио, ја најави ректорот на Великотрновскиот универзитет – проф. Христо Бонџолов, кој изјави дека имал телефонски разговор со премиерот Зоран Заев во кој му била потврдена информацијата.

„Разговарав телефонски со премиерот на Република Северна Македонија – Зоран Заев, и тој ме увери дека следната недела, на седница на Владата на Република Северна Македонија, ќе биде донесена одлуката да се отвори филијала на Универзитетот Велико Трново ‘Свети Кирил и Методиј‘ на територијата на Република Северна Македонија. Ќе се обидеме заедно – Бугарија и Република Северна Македонија, да ги изградиме уништените мостови“, изјави тогаш Бонџолов.

Најнови вести