Средба со граѓани во Колонија и Јурумлери! Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, помеѓу граѓаните!, напиша пратеничката Жаклина Пешевска на Фејсбук.
-Попладнево, заедно со претседателот на ОК Гази Баба Бобан Стефковски, раководството на ОК Гази Баба и советници од Советот на Општина Гази Баба, во рамки на проектот „Пратениците со народот“ оддржавме средба со граѓани во населените места Колонија и Јурумлери во Општина Гази Баба. Граѓаните препознаваат разлика помеѓу владеењето на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. 4 годишното владеење на СДСМ во Општина Гази Баба донесе лажни ветувања, нема реализација на нови проекти, нема напредок! СДСМ ја уништи Општина Гази Баба во овие четири години!, пишува Пешевска.