четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Владев: Градоначалникот Велковски ветуваше многу проекти за афирмација на спортот, но ништо не резлизираше- на Свети Николе му треба промени

Владев: Градоначалникот Велковски ветуваше многу проекти за афирмација на спортот, но ништо не резлизираше- на Свети Николе му треба промени

Свети Николе отсекогаш важел за град на спортот и имал врвни спортисти на национално и меѓународно ниво за што сме посебно горди, истакна Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во 2017 година градоначалникот Велковски ветуваше реализација на многу проекти за афирмација на спортот од кој ги издвојуваме:
– Изградба на балон сала при СОУ Кочо Рацин Свети Николе
– Изградба на куќа на спортот со современи соблекувални ,конференциска сала,и современ ресторан каде спортистите ќе можат да ги реализираат своите спортски активности и дружења.
– Изградба на соблекувални за потребите на ФК Овче Поле.
Сега сме на крајот на мај 2021 година и сме сведоци дека овие ветувања останаа празни и нереализирани .
Освен некакви неплански импровизации околу градскиот стадион ништо друго не видовме.
Градоначалниче, каде е балон салата, куќата на спортот , каде се соблекувалните ???
Вака ли вршите афирмација на спортот и спортистите во општина Свети Николе???
Треба да се внимава што се ветува затоа што ветеното треба да се исполни и реализира.
На Свети Николе му треба промени.
Промените доаѓаат и ќе се случат во октомври 2021 година кога спортистите и спортските работници ќе изберат нови луѓе кои ќе се грижат за афирмацијата на спортот во нашата општина и ветените работи навремено и квалитетно ќе ги реализираат, потенцира Владев.