Куркумата се смета за природен „прочистувач“ на организмот.
Куркумата се користи со векови благодарение на користите кои ги има за нашето здравје. Таа е позната како кралица на зачините, бидејќи поседува антибактериски, анти-воспалителни и детоксикациски својства.
Воедно, таа е одлична во борбата против рак и Алцхајмер.
1. Го намалува воспалението благодарение на состојката куркумин.
2. Го штити мозокот, бидејќи куркуминот го зголемува нивото на невротрофниот мозочен фактор (BDNF), одговорен за когнитивните нарушувања на мозокот како деменција и Алцхајмер.
3. Го намалува ризикот од рак, го спречува растот на канцерогени клетки и нивното ширење во телото.
4. Помага во варењето, ги решава проблемите на дигестивниот тракт, како што се надуеност и гасови, болести на жолчката…
5. Го штити срцето, спречува згрутчување на крвта и го намалува лошиот холестерол.
6. Ги олеснува симптомите на артритис.
7. Го забавува стареењето.