недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Доктор Шопова: Зарем Докиќ е најкомпетентен да дава информации за смртноста на пациентите со КОВИД 19 без образложение?

Доктор Шопова: Зарем Докиќ е најкомпетентен да дава информации за смртноста на пациентите со КОВИД 19 без образложение?

Докторката Жаклина Шопова излезе со свое видување за изјавите на нејзиниот колега Докиќ.

„Зарем професор Докиќ е најкомпетентен да дава информации за смртноста на пациентите со КОВИД 19…и тоа така без никакво образложение дали покрај возраста, коморбидноста, влијание има и времето на пристигнување во болница, третманот пред пристигнување, протоколот за лекувањето, бројот на мед.персонал кој се грижи за пациентот, условите во кои се лекува пациентот, можноста за пострехабилитационен третман во државата, капацитетите на ваквите установи, итн. итн…а да не речем досега не слушнавме , ниту излезе министерството за здравство со изјава кај колку од сите овие пациенти го докажавме лабораториски британскиот сој!?

Или во македонското здравство со овој министер и оваа влада се се случува без дијагностика , сеопфатна анализа со факти?!…

Важно мандатот им поминува со донации “ – напиша таа.

Најнови вести