понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Беше „Очајна домаќинка“ која приватно секогаш се смее, но зад насмевката крие тажна приказна

Беше „Очајна домаќинка“ која приватно секогаш се смее, но зад насмевката крие тажна приказна

Ја гледавме актерката Марша Крос (59) во „Merlose Place“ и „Desperate Housewives“. Улогата во серијата „Очајни домаќинки“ дефинитивно ja прослави и за кратко време стана омилена актерка за многумина.

Додека светот и се воодушевуваше, таа минуваше низ страшен период во нејзиниот живот, но никогаш не ја тргна насмевката од лицето. Таа се омажи за Том Махони и со помош на вештачко оплодување доби ќерки на 45-годишна возраст.

Пред тоа, таа беше во врска 8 години, но таа врска имаше трагичен крај. Имено, Марша беше со 25-годишниот Ричард Џордан, кој почина во 1993 година. Тој имаше тумор на мозокот, а на актерката и беше тешко по оваа трагедија. Марша пред две години откри дека и самата се бори со рак.

-Се чувствувам нормално, иако тоа е малку поинаков вид нормалност на која бев навикната пред ракот. Никогаш повеќе нема да го земам своето тело “здраво за готово“ и благодарна сум му за сè, рече актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARCIA CROSS (@reallymarcia)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARCIA CROSS (@reallymarcia)

Најнови вести