сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие женски имиња значат “принцеза“: Многу Македонки носат едно од нив

Овие женски имиња значат “принцеза“: Многу Македонки носат едно од нив

Изборот на името е една од поважните одлуки кои родителите ја носат за своето бебе. На оваа тема понекогаш се размислува со месеци, а доколку дознаете дека очекувате девојче, името коешто во превод означува „принцеза“ би било многу симпатично, нели?

Всушност, многу култури и народи имаат голем избор на вакви женски имиња, а ова се само дел од нив:

Јуки – веројатно погодувате, ова име потекнува од Јапонија. Постои верување дека личноста којашто го носи ќе порасне во смела и авантуристичка жена.

Маел – креативно и звучно име, прилично популарно во Ирска.

Тиа – јасно, кратко и драматично име со грчко потекло, кое е прилично популарно последниве неколку години на нашите простори.

Туала – ова име има исто така ирско потекло. Многу е егзотично и буди восхит.

Шари – оригинално и разиграно, ова име потекнува од Индија и сосема добро би можело да се вклопи кај нас.

Емира – името е особено популарно во БиХ, а звучи романтично и префинето. Инаку потекнува од арапскиот јазик.

Маја – колку девојки познавате со ова име? Сигурно барем една, а името е бајковито и мошне шармантно, со арапско потекло. Многу е често во Македонија.

Сораја – име коешто сè повеќе станува популарно, благодарение на неговата звучност, а има иранско потекло.

Зара – уште едно име со арапско потекло, кое иако е кратко, звучи многу моќно.

Сабрина – името на култната божица на Келтите е уште едно раскошно, кралско име.