Чак Норис никогаш не криел колку ја сака својата мајка Вилма Норис Најт. За нејзиниот 100-ти роденден во неговиот дом, всушност, постоеја две причини за славење – бидејќи Денот на мајката се „падна“ во тој период, па актерот и го посвети целото внимание на неа.
-Не можам да верувам, а не може ни таа! 100 години, навистина неверојатно! Јас не би бил човекот што сум, да не беше таа. Благословен сум што ја имам – напиша во специјалниот текст за „WND“, по тој повод:
„Таа, патем, имаше многу тежок живот. Таа порасна во сиромаштија и заврши во дом на само осум години. Две години се лекувала од ретка болест, па ја земале од дома. Цело тоа време го поминала во детската болница. Подоцна, по Големата депресија, таа собирала памук за да преживее. Ништо никогаш не и било лесно… Се омажи за татко ми на 16 години, а потоа остана сама да воспитува три момчиња. Јас, како најстар, честопати бев татко. Бевме сиромашни, но тоа не не скрши – продолжи Чак, објаснувајќи колку тој ја смета за силна, прекрасна жена која често се молела за него.
View this post on Instagram
-Мамо, не знам во што тешко можам да верувам. Дека имаш 100 години или дека имаш син на 81 година! Благодарен сум што си тука. И брат ми Арон, исто така. Отсекогаш сме биле. Ние само туркаме напред! – ја отвори душата актерот.