петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните до Царовска: „Како Јуда им се поклонувате на светците Кирил и Методиј, па уништувате сè за што тие се залагале“

Граѓаните до Царовска: „Како Јуда им се поклонувате на светците Кирил и Методиј, па уништувате сè за што тие се залагале“

„Свети Кирил и Методиј биле светци, поклоници на православната религија. Вие како Јуда се поклонувате пред нивните споменици, а потоа одите во вашата канцеларија и правите планови како да уништите сè што тие создале и сè за што се залагале“…

Ова е само еден од многубројните коментари кои граѓаните денес ги напишаа на Фејсбук профилот на Мила Царовска.

Министерката за образование и наука, објави фотографии и своја изјава од денешниот голем празник на Свети Кирил и Методиј. Нејзините реформи разбудија револт кај македонските граѓани кои гласно кажуваат дека таа го уништува сето тоа што овие светци го создале.

„Делото со кое нè задолжија Светите браќа Кирил и Методиј како основачи на првото словенско писмо и со кое оставија драгоцено цивилизациско богатство за македонскиот народ и за сите словенски народи, нѐ поттикнува да размислуваме и да дејствуваме, без предрасуди, да ги негуваме нашите вредности и да ги почитуваме другите.

Нека ни е честит и вековит 24. Мај, Денот на сесловенските просветители – Светите браќа Кирил и Методиј“ – напиша Царовска.

Граѓаните овој нејзин потег го оценија како лицемерен, а еве и какви пораки напишаа за неа:

-Како апсолутен уништувач на сето она што го создале Свети Кирил и Методиј, ни најмалку немате право да го чествувате празникот.

-Вас не ве личи овде да се поклонувате! Тие се нашите Македонски просветители, не северџански! Северџаните го уништуваат образованието! Нека ни е честит празникот нам на Македонците!

-Се прашувам, на кои “Свети браќа” се повикувате? Сигурно не на Светите Кирил и Методиј, кои биле “неписмени” за вашата родова ЛГБТИ идеологија и знаеле дека има само два пола – машки и женски. Чист промашај..

-Мила Царовска, не сте достојни да го славите овој голем празник! Вие го уништувате сето онаа што Светите Кирил и Методиј го создале!

 

Најнови вести