петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Новиот закон за распродажба на земјоделско земјиште се носи за олигарсите и странци со сомнителни пари да ја грабаат Македонија

Новиот закон за распродажба на земјоделско земјиште се носи за олигарсите и странци со сомнителни пари да ја грабаат Македонија

Предложениот нацрт закон за распродажба на земјоделското земјиште не е за земјоделците да се стекнат со земја, туку приватизација 2.0. Првата приватизација беше за фабриките и знаеме како заврши со каков грабеж и последиците се дека имаме неколкумина олигарси и 80% сиромаштија во Македонија. Нема земјоделец кој има да даде 100.000 евра за 10 хектари, од друга страна олигарсите и странците со сомнителни намери и сомнително потекло на пари ќе може да купат и 100 хектари, изјави еден од учесниците на денешниот протест пред владата против распродажба на земјоделско земјиште.

Тој вели дека оваа појава се вика грабање на земја и нема ништо добро да биде за граѓаните и ова го има само во сиромашни земји чии влади лесно се манипулираат и каде што цвета корупција.

– Ние сме мала земја по површина и имаме ограничено земјоделско земјиште. Ако го дадеме тоа ќе останеме без храна, ќе се растури државата. грабливците не сакаат да произведуваат храна на таа земја туку гледаат свои профити, а уште повеќе со овој нацрт закон им се дава можност за урбанизација и за експлоатација на минералните суровини под почвата, рече тој.

Тој додаде дека ваквата распродажба ќе биде последниот клинец во ковчегот на Македонија.
Воедно на владата и препорачаа да ја елиминираа оваа страшна идеја и да го повлече овој нацрт закон бидејќи вакво нешто немаше во изборната програма и никој немаше да го гласа.

Најнови вести