среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Граѓаните револтирани: „Со однесувањето на Владата и на Царовска се потврдува дека живееме во тоталитарен режим како поробен народ“

Граѓаните револтирани: „Со однесувањето на Владата и на Царовска се потврдува дека живееме во тоталитарен режим како поробен народ“

„Апсурдно е тоа што ти го правиш и не ја почитуваш волјата на родителите на МАЛОЛЕТНИ деца. Во нормална држава ќе те немаше одамна од министерското место. Со ова само јасно се потврдува дека живееме во тоталитарен режим како поробен народ. Мизерија“.

Ова се само мал дел од коментарите на граѓаните, најголем број на родители, баби и дедовци кои ги испраќаат до министерката за образование и наука Мила Царовска.

Како “реформите“ кои ги воведува да не се доволно голем срам, таа дополнително ги игнорира барањата на средношколците и нивните родители, па наместо да работи за подобро образование, истото го турка на колена. Граѓаните оценуваат дека однесувањето на Царовска е апсурдно и срамно.

Да сака да го слушне гласот на совесниот народ, доволно е Царовска да си го отвори својот Фејсбук профил на кој често ги рекламира погубните политики кои ги води во име на СДСМ и Владата на Зоран Заев.

Во продолжение пренесуваме дел од пораките на граѓаните до министерката:

 

„Ќе видиме дали сите школи и деца ќе ги обезбедите со вашето осовремување за услови за квалитетно учење, немој да излезе само на елитата децата останатите деца и училишта како ќе им даде Господ,се надевам дека ќе направите или пак децата ќе чекаат од донации да добиваат стари поправени“.

„Вашето квалитетно образование е благо речено ментално малтертирање и збунување на децата во врска со тоа што тие всушност се во однос на род и пол. Од сите достапни информации за новата програма можам да кажам дека децата не се едуцираат туку се насочуваат на идејата дека на 15 години можат да го сменат својот пол (на сметка на државата) без дозвола од родител. И сето ова под ПАРАВАНОТ НА БОЖЕМСКАТА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА! Не со референдум. Со живот треба да се бориме против оваа навидум софистицирана реформа“…

„Никој не е против дигитализација на учебниците но да се држи настава паралелно и со хартиена форма“!

„Апсурдно и срамно е толку голем инетелектуалец како Вам министерке Мила Царовска со сила да се прави будала и да спроведува проекти гласани на партиски состанок од скроз не компетентни луѓе за таа тематика но високо позиционирани во партијата“!

„Кое образование, се слушаш шо збораш? Ви се погоди со вирусов, останаја децата неписмени со вашата глупава платформа. Па сега и дигитални учебници. Пола од таа ваша настава кутри деца не можат ни да ја слушнат, едвај се разбираат со своите наставници. Не работи ништо како треба и после тој наставникот исфрустриран ке се дери по децата. Децата кога нешто не знаат се кријат зад угаснати камери и микрафони мислејки го решиле проблемот“…

„И за тебе тоа е напредок??? Срамота, го уништувате своето поколение, својот народ, при очи слепи да бидат кутри деца“.

„Ако немаш подобра идеа и план да им пружиш добро образование, дозволи некој друг кој знае да ја работи таа работа“.

 

 

 

 

 

Најнови вести