Судијката Добрила Кацарска е избрана за нова претседателка на Уставнот суд.
Таа на денешниот работен состанок добила шест гласа „за” од вкупно девет уставни судии, со што е постигнато потребното двотретинско мнозинство за избор на претседател на Уставниот суд.
Мандатот на новоизбраната претседателка на Уставниот суд, ќе започне од 2 јуни 2021 година.
Кацарска на претседателското место во Уставниот суд ќе го наследи судијата Сали Мурати кој ја извршуваше таа должност од 30 октомври 2019 година.