среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Случајот на Веапоска е завршен: Стручната комисија утврди зошто ѝ бил изваден бубрегот на пациентката

Случајот на Веапоска е завршен: Стручната комисија утврди зошто ѝ бил изваден бубрегот на пациентката

Завршен е стручниот надзор на Министерството за здравство во болницата во Струга, а со тоа и случајот на родилката Јилдиз Веапоска е пред самиот епилог.

Како што дознава „Слободен печат“, единствена недоследност во нејзиниот случај е грешката со полот на бебето, кое било заведено како машко, а Веапоска родила девојче.

Поради проблеми и болки кои се јавиле по породувањето, таа морала да биде повторно оперирана. При отварање на абдоменот, констатирано е крварење околу репродуктивната регија и бубрезите.

Како би се спречило крварењето се пристапува кон вадење на матката и левиот јајник. Крварењето не запира, повикан е конзилијарен хирург и е утврдено дека лево ретроперитонеално има хематом што довело до сомнение за крварење во пределот на бубрегот. За да се спречи крварењето е пристапено кон отстранување на левиот бубрег, како би се спасил животот на пациентката,  навела стручната комисија.

Комисијата заклучила дека вакви компликации при гинеколошко акушерски операции е ретка, но сепак се случува.

Најнови вести