Групата „Манескин“ победи во финалето на „Евровизија“, а медиумите сè уште зујат за фронтменот Дамиано Давид , рокерот кој настапи во штикли.
Групата избра кожни костуми за сценскиот перформанс, а Дамиано носеше вртоглаво високи потпетици за оваа пригода, за кои сè уште се зборува.
-А како да не се зборува кога за нив плати над 1.600 евра само за нив, пренесуваат медиумите.
Имено, станува збор за чизми на позната светска марка, чии парчиња ги носат бројни јавни личности ширум светот.
Во финалето на Евровизија, како и по прогласувањето на победникот, Италијанецот танцуваше на сцената во неговите скапоцени потпетици, скокаше, но дури и за време на победничката конференција гордо ги покажа кога ја крена ногата.