сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: МВР нека ги провери снимките од скопскиот хотел Буши од октомври 2020 година за да биде Спасовски сигурен кои негови високи соработници се добри пријатели со Седат Пекер

Милошоски: МВР нека ги провери снимките од скопскиот хотел Буши од октомври 2020 година за да биде Спасовски сигурен кои негови високи соработници се добри пријатели со Седат Пекер

Антонијо Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира изјавите на Оливер Спасовски дека неговиот заменик немал контакт со турскиот мафијаш Седат Пекер рече дека според релевантните информации кои ги добиле се вели дека помошникот на Спасовски кој е задолжен за соработка со ИНТЕРПОЛ имал контакти со Пекер, посочувајќи дека Спасовски и МВР треба да ги проверат видео снимките на скопскиот хотел Буш од октомври 2020 година за да биде сигурен министерот Спасовски кои високи негови соработници во МВР се добри пријатели и домаќини на Седат Пекер.

Ние добивме релевантни информации дека помошникот на Оливер Спасовски кој што е задолжен за соработка со ИНТЕРПОЛ имал некакви контакти со турскиот мафијаш Седат Пекер. Министерот за внатрешни работи демантира дека такви контакти не се случиле, но Оливер Спасовски и други работи демантирал а потоа излегувало на површина дека нешто било вистина, вели Милошоски и додаде:

За да биде јавноста сигурна му препорачуваме на МВР да ги прегледа видео снимките од хотел ресторан Буши во Скопје од октомври 2020 година за да биде сигурен министерот Спасовски кои високи негови соработници во МВР се добри пријатели и домаќини на Седат Пекер. А инаку како една дополнителна иницијатива за МВР нека направат добра соработка со Министерство за внатрешни работи во Албанија и во Турција и македонското МВР нека провери дали во моментот турскиот мафијаш Седат Пекер се наоѓа во Валона во вилата на еден функционер од Македонија.

Најнови вести