среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Светски ден на мултиплекс склероза: Болест со 1.000 лица која најчесто се јавува помеѓу 20 и 40 година од животот

Светски ден на мултиплекс склероза: Болест со 1.000 лица која најчесто се јавува помеѓу 20 и 40 година од животот

Денес, односно на 30 мај, се одбележува Светскиот ден на лицата со мултиплекс склероза, болест од која страдаат над 2,5 милиони луѓе ширум светот.

Мултиплекс склероза или скратено МС е хронично воспалително заболување на централниот нервен систем и една од водечките причини за онеспособеност кај лицата.

Претставува болест на масните миелински обвивки околу нервите на мозокот и ‘рбетниот мозок што води до демиелинизација и лузни на ткивата кои се манифестираат со широк спектар на знаци и симптоми.

Нападот на болеста вообичаено се случува кај младите луѓе, и почеста е кај женскиот пол.

Се нарекува уште и болест со 1.000 лица, а најчесто се јавува помеѓу 20 и 40 година од животот и е водечка причина за инвалидитет кај младите.