Планетата е во шок откако сите ја дознаа веста за страшната авионска несреќа во која загина славниот актер Џо Лара (58) заедно со својата сопруга.
Имено славниот „Тарзан“ во моментот на несреќата бил со сопругата Гвен во приватен авион, а покрај нив загинаа уште пет луѓе.
Како што официјално е познато авионот се срушил во езеро во близина на Нешвил околу 11 часот многу брзо штом полетал од аеродромот „Палма бич“ на Флорида.
Светските медиуми веќе објавија и потресни фотографии од авионската несреќа, на дел од нив се гледаат и остатоци кои ги вади полицијата од авионот.