сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Родители на тинејџери, внимавајте: Депресијата кај вашите деца НЕ е само “фаза“

Родители на тинејџери, внимавајте: Депресијата кај вашите деца НЕ е само “фаза“

Младите често одбиваат да признаат дека нешто ги мачи, но еве што упатува на можноста дека станува збор за многу посериозен проблем од само моментална фаза.

Тинејџерската возраст е најчувствителниот период, младите се на „ничија земја“ меѓу детството и светот на возрасните и се обидуваат некако да се снајдат и да научат да се носат со сите проблеми со кои се справуваат.

Во тие години, хормоните дивеат, а  децата се ранливи и чувствителни, па неретко се случува да им се препуштат на црните мисли. Сепак, веројатноста тинејџер да признае дека е депресивен е мала.

Но, тинејџерската депресија е реалност и затоа би требало да обратите внимание на однесувањето на своето дете кое можеби укажува дека токму тој проблем е во прашање.

„Многу од тоа што тинејџерите го поминуваат можат да го објаснат хормонските промени карактеристични за оваа возраст, но понекогаш зад големите промени во расположението се кријат и посериозни проблеми кои можат да прераснат во депресија“, објаснува докторка Даниела Дефрино.

Трите најчести симптоми на тинејџерска депресија се проблемите со успивањето и необичното долго спиење, иритираноста и бесот во друштво на други луѓе, како и губењето на интерес за работи кои некогаш ги интересирале и им причинувале задоволство.

Во таа возраст, најголем проблем кај младите е лошиот успех во училиштата, но и преголемите очекувања на родителите.

Тинејџерите ги вознемируваат и кавгите и конфликтите со родителите, како и вербалното или емотивното злоставување.

Разговарајте со вашите деца и кога се лути и кога се расправаат, дури и кога не ве слушаат и погрижете се секогаш да бидат свесни дека единствено вие ги сакате најмногу и дека сте овде за нив без разлика на тоа што и да се случува во нивниот живот.