понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Царовска наместо да ги слушне реакциите на јавноста за штетните реформи во образованието, таа бара начин да ги потисне

Царовска наместо да ги слушне реакциите на јавноста за штетните реформи во образованието, таа бара начин да ги потисне

Тоа што за нов претседател на Сојузот на средношколци е избран средношколец кој лобирал за референдумот за промена на името и имал средби со владини преставници вклучително и министерката за образование Мила Царовска докажува на какви се методи е спремна Царовска да влијае врз средношколците за да се спроведат нејзините штетни реформи во образованието.

За ова вчера преку статус на Фејсбук реагираа и од Средношколски глас од каде велат дека со ваквиот избор Царовска повторно докажа дека во оваа држава нема правда.

„-Ако ова е изборот на Мила Царовска за претседател на средношколците и благодариме што повторно ни докажа дека во оваа држава правда НЕМА. -Госпоѓа Министерка, заради ова ваше влијание секаде, ние протестираме! -Не задушувате со партија, ни ја “убивате желбата да бидеме подобри ученици, ни ја понижувате интелегенцијата на нашите родители! -Срам да ви е! -Честитки за колегата, но играта за “независно” тело на средношколци е крајно НЕфер!“ стои во Фејсбук статусот на Средношколски глас.

Како поткрепа на ваквиот начин на работа е и аудиото кое пред некој ден се појави на социјалните мрежи на кое се слуша како лично член на ЦО на СДСМ објаснува какви сѐ методи и притисоци се користат за да се бојкотираат протестите на учениците и родителите кои бараат настава со книги.

„Имаме сектор кој ги следи нивните коментари, ги следат и нашите коментари нон стоп, на социјалните мрежи и аплициравме и на културен начин објаснуваме. Еве последниот пат, последната случка ни беше за новиот пакет на образование кој што го предлага министерката. Тука се соочивме со, како да ви кажам, се соочивме со проблем кој требаше…и го задушивме штрајкот што го организираа“, објаснува во објавената снимка лицето за кое се тврди дека е Митко Караиванов од ОО Босилово на СДСМ.

Најнови вести