четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Зборувате самите со себе? Не сте чудни, напротив…

Зборувате самите со себе? Не сте чудни, напротив…

Веројатно кога ќе видите некој што си зборува самиот со себе, ви паѓа чудно. Но тој можеби е еден чекор пред другите. Зборувањето со себе е одличен начин за подобро да го разберете материјалот што го учите.

Секако, разговорот со себе не треба да биде за времето и тоа како надвор е топло, туку треба да пробате да влезете длабоко во потсвеста за да ја најдете другата страна на вашата личност која ќе ви одговори на прашањата кои ги поставувате.

Според Улрих Босер, автор и експерт на полето на едукација, не се работи за „разговор со себеси“ туку за „објаснување на самиот себе“. Замислете си го тоа како повторување на сѐ што имате научено, ама наместо со некој друг, тоа го правите со себе.

Зошто ваквиот монолог помага?

Босер вели, затоа што го забавува вашето размислување и така ве прави спремни за да размислувате многу поконструктивно.

Ваквото преиспитување на мислите ви помага да го задржите знаењето и да имате поголеми придобивки од самиот акт на учење.

Прашањата од типот на „Дали навистина го знам ова?“ и „Што ме збунува од целиот материјал?“ може да бидат од голема помош. Зборувањето со себе ве држи фокусирани на материјалот. На тој начин, вербално ги одговарате прашањата и учите да го складирате знаењето наместо само да го научите од збор до збор.

Сумаризацијата е исто така ефективен начин да се совлада она кое го учите, а уште повеќе доколку сумирате вербално.

Откако ќе завршите со лекција, тема или пак книга, пробајте во кратки црти да си објасните што сте научиле. На почеток можеби ќе ви личи смешно, но потоа ќе видите дека овој начин на учење е многу полесен.