Ѕвездата од „Мостовите на Медисон“, Клинт Иствуд наполни 91 година. Актерот и режисер е икона на американската филмска индустрија. Неговата работа го направи едно од најважните имиња во Холивуд, додека неговиот конзервативизам го направи еден од најконтроверзните. Денес тој е на списокот на актери со најдолг стаж, пренесува РТВЕ.
Иствуд има 91 година, исто како и Џин Хакман, кој е следен на листата од „топ десет“ ветерани од седмата уметност.
Со смртта на Оливија де Хавиленд на 104 и Норман Лојд на 106 години, останавме без најстарите изведувачи на класичното кино. Тие се последните од златното доба на Холивуд, вечните продукции што ја видоа светлината помеѓу 1920-тите и 1960-тите и најубавата ера на киното.
Помладите можеби не ги паметат, но тоа се ѕездите кои, сепак, го чуваат споменот на тие години од прва рака: Десетте најстари актери во Холивуд.
Клинт Иствуд не се рангира во оваа десетка и се наоѓа на 12-то место.
Марша Хант, 103 години
Марша Хант моментално ја има титулата најдолговечна актерка во Холивуд, со 103 години. Таа е една од последните од класичното кино и покрај тоа што е актерка, таа е и модел и активист. Хант глумеше во многу филмови, но нејзината кариера беше обележана и буквално уништена во 1950-тите од познатата „црна листа“ на Холивуд во која се наведени членови на филмската индустрија, поддржувачи на комунизмот.
Нимаја Персоф, 101 година
Роден во Ерусалим, емигрирал во САД во 1929 година, тој е вториот најстар актер во Холивуд. Тој ја играше улогата на таксист во „Законот на тишината“ на Елија Казан и претежно играше негативци поради неговиот импозантен изглед. Кон крајот на 90-тите години, тој се откажа од актерството за да се занимава со сликарство и сè уште живее во Калифорнија со неговата сопруга Тија.
Бети Вајт, 99
Бети Вајт е една од најомилените американски филмски легенди. Таа стана икона на комедијата и глобална фигура благодарение на серијата „Златни девојки“, која беше успешна во нејзините шест сезони. Од четирите главни ликови, Бети е единствената што сè уште е жива.
Глинис Џонс, 97 години
Британскиот аналог на Мерлин Монро, Глинис Џонс е филмска и музичка ѕвезда од 60-тите и 70-тите години на минатиот век. Таа играше во „Мери Попинс“, ја освои наградата „Тони“ за нејзината изведба во мјузиклот на Бродвеј „Мала ноќна музика“, напишан од легендарниот Стивен Сондхајм, а до 1999 година се појави во речиси 70 филмови и повеќе од 20 театарски продукции.
Лесли Филипс, 97
Тој глумеше во „Хари Потер“ и е еден од најомилените актери во Велика Британија. Филипс, кој беше ранет во Втората светска војна, се појави во „Надвор од Африка“ и играше во „Империја на сонцето“ од Стивен Спилберг.
Анџела Лансбери, 95 години
Уникатната Анџела Лансбери е позната по својата улога во серијата „Убиство по сценарио“. Таа доби почесен Оскар во 2013 година и има освоено шест Златни глобуси, пет награди Тони и Греми за нејзината работа во различни филмски, театарски и телевизиски продукции.
Дик Ван Дајк, 95 години
Вечниот чистач на оџаци на Мери Попинс ја започна својата кариера на Бродвеј и во хумористичната серија „Шоуто на Дик Ван Дајк“, за што ја доби наградата „Еми“.
Ева Мари Сен, 96 години
Таа е најдолговечна актерка добитничка на Оскар, пополнувајќи ја празнината што ја остави Оливија де Хавиленд. Дебитираше со филмот „Законот за тишината“ со Марлон Брандо, а работеше и со Пол Њуман и со Алфред Хичкок.
Мел Брукс, 94
Иконата за комедија, Мел Брукс, сценарист, актер и режисер кој ги создаде „Продуцентите“, „Мистеријата на дванаесетте столови“ или „Младиот Франкенштајн“, е една од живите легенди на жанрот.
Сидни Поатие, 93
Актерот, филмски режисер, писател и дипломат, роден на Бахамите, Сидни Поатие, беше првиот Афроамериканец кој освои Оскар за најдобра машка улога за неговото дело во „Лилјаните на долината“.
Џин Хакман, 91 година
Хакман, број 11 на листата на најдолговечни актери, се појави само неколку месеци пред Клинт Иствуд. Некои од неговите најважни улоги се во митската „Француска врска“ (со која го освои својот прв Оскар за најдобра машка улога), „Супермен“, „Непростливо“… (МИА)