Членката на групата „Hurricane“, Ксенија Кнежевиќ повторно ја промени фризурата, а фановите едногласно и порачаа дека изгледа преубаво.
Имено познатата пејачка по Евровизијата одлучила да ги скрати шишките и да прејде на една нијанса потемна црвена боја на косата, па така сега е вистинска огнена девојка.
Таа на фотографијата позира во црна маичка со длабоко деколте, а коментарите само се нижеа еден под друг.
„Колку си убава“, „бојата и фризурата ти се врв“, „гориш“, „одлично изгледаш“, се само дел од коментарите.
Инаку бабата на Ксенија (мајката на нејзината мајка) починала пред самото финале на Евровизија, а семејството се одлучило да ја крие оваа вест.
-Се криевме од Ксенија за да можеше да настапи. Таа беше многу врзана за баба и сигурно не би можела сигурно толку добро да испее да ја дознаеше таа вест, изјавила мајка и на Ксенија, Нина.